Skip to content

Хари – Ива Марија Зероска

  • by

За нашиот другар, ангел. 21-ви јануари, а улиците толку тивки. Прилеп тивок, а толку гласен. Студен, како никогаш досега. На секое лице се тркала по некоја солза, секој чекор е сè потежок. Гласови поминуваат низ главата, но не сакаш да веруваш. Не сакаш да веруваш дека еден живот згаснал, а твојот како казна продолжува. И продолжуваш да живееш полумртов, бидејќи знаеш дека нема да ја видиш таа совршена насмевка. Продолжуваш да живееш за да го оживуваш, а Прилеп тебе те оживеа. Ние те оживеавме и ќе живееш вечно. Тука си сè уште чукаш во нас, тука си на трибините го слушам твојот глас, тука си низ бизнис центар, тука си на кафе во Канди, тука си во секој наш чекор, тука си во секое човечко тело.

Ти си на секоја улица, во секоја улична светилка, во секои насолзени очи. Тука си во нашите спомени, а остави доволно спомени на секој од нас. Твојата насмевка никогаш нема да се заборави, но нашата нема да биде како претходно. Оваа зима е постудена од сите претходни, а сите наредни ќе болат повеќе и ќе бидат поладни. Оваа зима со своето студенило те зеде, а нас ни даде болка која вечно ќе живее во нас. Прилеп не те заборава, ти ќе живееш повеќе од сите нас, ќе живееш засекогаш Хари!

Ива Марија Зероска

Напишете коментар