Skip to content

Наследство. Коњаници (на сродните) – Јовица Тасевски–Етернијан

Низ вашите имоти
се шетаат браќата и сестрите
на Сонот кој на јаве
безмилосно го најавна
бодриот пастув
и жестоко го прободува
со златните мамузи
што ги добил (како наследство)
од Прататкото на соништата,
та така раскрвавен
талка без престан
низ грубата и валкана стварност
(малкумина се оние
кои ги забележуваат
неговите рани,
а уште помалубројни се овие
кои покажуваат сочувство),
копнеејќи по Кристалната Палата,
издигната – ни на небо, ни на земја…*


* Стих од македонската народна песна „Самовилско ѕидање“

Напишете коментар