Skip to content

Цел – Габриела Стоимановска

  • by

Цело време сме во трчање и борба за нешто повеќе. Никогаш не сопираме и нашите барања и желби постојано се зголемуваат. Но, можеби е време да се запрашаме каде одиме? Зошто брзаме? Животот е  толку краток и минува за час. Денес сме овде, утре кој знае каде. Не знам, ама се почесто се прашувам дали ја остваруваме нашата вистинска цел или само се тешиме со некои минимални успеси. А за среќа е потребно многу малку, но вистинско. Секојдневно некој го напушта овој свет, а не знаеме кој е следен да замине на пат, без враќање.

Затоа гушнете ги саканите и борете се колку можете, но не за материјални туку за духовни нешта. Сакајте и почитивајте ги луѓето околу вас, бидејќи на крајот е важно само каква трага сме оставиле и дали воошто сме забележани на овој свет. Сите доаѓаме без ништо, но барем да понесеме убави спомени, моменти вредни за паметење. Сè може да се надомести освен изгубена личност. Затоа направете сè додека сте тука и вие, но и тие. Бидејќи животот нема реприза, а ние резервна улога. Колку и да е горчлив, животот има и добри страни. Запомнете дека на крајот на секој пат има светлина, но само најупорните ќе стигнат до неа.

Габриела Стоимановска

Напишете коментар