Skip to content

Деца на епохата – Вислава Шимборска

Вислава Шимборска (2 јули 1923, селото Провент, до Курник, Полска – 1 февруари 2012, Краков, Полска) била полска поетеса, добитничка на Нобеловата награда за литература во 1996 година. Во нејзина чест, денес споделуваме песна.

Ние сме деца на епохата

Ние сме деца на епохата,
епохата е политичка.

Сите твои, наши, ваши
дневни нешта, ноќни нешта,
тоа се политички нешта.

Сакал или не,
твоите гени имаат политичко минато,
кожата одблесок политички,
очите аспект политички.

Она што го зборуваш има резонанција,
она за што молчиш има изговор
вака или онака политички.

Дури и кога шеташ низ шума
правиш политички чекори
на политичко тло.

Песните аполитички сеедно се политички,
а горе свети месечината
објект веќе не месечински.
Да се биде или не, тоа е прашање.
Какво прашање, одговори, љубов моја?
Прашање политичко.

Не мораш да бидеш дури ни човечко суштество,
за да добиеш политичко значење.
Доволно е да бидеш непреработена нафта,
интегрална храна или секундарна суровина.

Или маса за седници, околу чијашто форма
се караа со месеци:
за животот да се одлучува треба ли на
тркалезна или квадратна?

За тоа време гинеа луѓе,
пцовисуваа животни,
гореа домови
и зараснуваа полиња,
како во епохи изумрени
и помалку политички.

Напишете коментар