Skip to content

Зборот ми ја украде емоцијата…ја претвори во поезија – Николина Ќорвезироска

  • by

Поезија е во окото на птицата
кое сè гледа и сè запишува на ширта небесна….
Погледни во облаците….
Поезија е веселост што се крие во играта на децата..
Запеј и заиграј ја старата игра…

Поезија е мир на површината на водата,
светлина прекршена во сто мориња….
Поезија е скитање по полиња
со куп ѕвезди и една месечина..
Поезија се крие во мислата на орелот,
и една бела верверица
на која гласот и се слуша до пустина….
Камилата е пријатно вознемирена…

Поезија е мирис на колаче од ванила и цимет
потопено во чај од мајќна душичка…
Чајот испарува во друга димензија…те гали
ко мајчина рака..
Стапалки боси во снегот…
топлина од една срна со големи бели точки на грбот…
шета со гордост…..не знае дека е поезија…

Поезија е насмевка на сонцето
од студ замрзната…до жили болна
која ме крши на безброј парчиња…
додека карпата распукува
и една златна песна се раѓа…

Поезија е приватност на мојата слика
во музејот на уметноста што ти ја наслика
со веселоста и плачливиста за ситни нешта.

Поезија е одговор на сите смешни прашања
за друга планета….
Поезија е утринско кафе со сто окца
и желба облечена во црна хајлина…

Поезија е живот во февруари во зумбул што цвета….
а јас му ја мирисам туѓата среќа
Но се думам со срцето што да сторам?!
со поезија дал ќе го лечам или изморам…

Напишете коментар