Skip to content

Бегство – Влада Урошевиќ

Треба да се засолнам, да се скријам,
да се снајдам, да најдам влез, да најдам пат.
Морам да избегам пред глувиот свирач во лудата гајда,

пред влакнестите пајаци, пред бродови што горат,
пред кукли со глави на бубачки слепи,
пред лисја што во падот стануваат оловни плочи.
Но каде и да згазнам стапката се лепи,
се урнува небото и воздухот е горчлив.

Неизвесноста се отвора одеднаш како бездна.
Се будам во нечист и непознат хотел.
Не познавам никого и воопшто не знам
каде да се скријам од јавето, исплашен и потен.

Напишете коментар