Skip to content

Учење за молчењето – Зен приказна

Учениците од школата Тендаи учеле за медитација уште пред Зенот да биде пренесен во Јапонија. Четворицата од таа школа, инаку добри пријатели, си ветиле меѓусебно дека седум дена нема да изустат ниту еден збор.

Првиот ден сите молчеле. Во медитацијата влегле успешно, ама кога паднала ноќта и маслените ламбички почнале да треперат, еден од учениците му викнал на слугата:

„Дај намести ги ламбине!“

Слушајќи го, вчудоневиден, вториот ученик забележал:

„Ни еден збор не би требало да изустиме.“

„Тапчовци! Зошто зборувате?“ прашал третиот.

Само јас не проговорив“, заклучил четвртиот.

Прочитајте ја и приказната од Узбекистан – „Крадци на времето“.

Напишете коментар