Skip to content

Љубов – Милош Црњански

Уште првиот пат фустанот кога си го соблече
твојот поглед дигноглав ми беше смешен.
Уште од првина љубовта ми всади бол неутешен.

Уште од првина место да слушам
взори како се растопуваш ко снегот,
јас отрчав во шумите кај што водеше брегот,
и гранките што липаа
како мојата душа.

Во нив ги криев образите свои
што беа топли од градите твои.
Понежни од твојата рака ладна
по допир билките ги познав в миг.

Пострасно отколку на твоите гради
над нив паднав,
со блуден, безумен крик.