Skip to content

Крајбрежје.мк во трка за најдобар сајт за 2021 година

Крајбрежје.мк е во трка за најдобар сајт за 2021 година! Гласањето за Сајт на годината официјално започна. Што треба вие да направите доколку Крајбрежје е вашиот омилен сајт? Чекорите се многу едноставни и сè што треба да направите е да отидете на www.sajtnagodinata.mk, а потоа да гласате за вашиот фаворит. Откако ќе ја впишете вашата е-маил адреса кликнувате на кочето Гласај. Потоа во вашето поштенско сандаче (email) ќе ви стигне автоматска порака со линк на кој треба да клинкене за вашиот глас да биде важечки. Е-маилот со автоматска порака може да ви стигне во Junk или Spam фолдер, а вие само треба да го потврдите гласот со кликнување на линкот „Го потврдувам мојот глас“. Тие се чекорите што треба да ги следите за успешно гласање. Иако се водиме како блог, ги имаме истите карактеристики на сајт со тоа што заслужено имаме номинација и оваа година.

Ако сметате дека Крајбрежје заслужува да ја понесе титуала Најдобар сајт во категоријата образование, наука и кулутра, гласајте следејќи ги едноставните правила. Со една е-маил адреса може да се гласа само еднаш, значи вашиот глас го давате само еднаш во одредена категорија. Ќе ни значи вашата поддршка бидејќи ние постоиме благодарение на вас, нашите верни читатели. За титулата најдобар сајт ќе бидете заслужни вие коишто го вреднувате ова што го правиме изминативе години. Нека победат најдобрите, а сега вие сте на потег! Дајте го гласот за вашиот фаворит.

Напишете коментар