Skip to content

Алфред де Вињи – Капењето на Римјанката

Сјајна црна египетска слугинка
огледало и стави врз колено на убавата Римјанка
а Гркинка заробеничка, свежа како роса,
ги врзува плетенките на нејзината коса;
а две Венецијанки рубата и ја соблекуваат
и во млеко нозете и ги навлекуваат.
Па во ружината вода на пурпурна када
згазнува леко, а една Латинка млада
врз нејзините мазни раце парфем лее
и низ тенок велур сонцето ја грее,
низ густите набори од крај до крај
се пробива меко сончевиот сјај.
И две момички, кои преѓе собираа цвеќе,
врз снагата стројна и го сипаат веќе
и слапови вода и тураат ко балсам пресен,
а нивната господарка, со потег лесен
на лирата почнува да свири и да пее:
О, Конзул мој! – шепне и в сладострастие тлее.

Напишете коментар