Skip to content

Трипунски закрој

Трипунска вода се опевала, се залевала,
Во лозјата се налевала , род да родат,
Да бидат плодни со гроздови големи и живородни.
Се пеело, веселело, со песни до сабајлина рана
За пијаниците цар да имат свој, да бидат дружба збрана.
Да, дружбите пролетни и празници доаѓале
Со Свети Трифун, првите цветови се раѓале.
Лозјето се кроело, се палела гламја,
Зимата да си оди таа стара ламја.
Веселби имало Свети Трипуне, и ќе има
Секоја наредна зима
Снегот мрзен штом покрие посеви
Твојата светлина кажува благородност ќе се насели
Да закроиме кревок гроздов плод,
Вино да капи, да имаме богат род.

Напишете коментар