Skip to content

Вук Караџиќ – мисли и ставови за српскиот јазик кои имаат големо значење

Вук Стефановиќ Караџиќ (7 ноември 1787 – 7 февруари 1864) многу допринел за српскиот јазик да биде ваков каков што е. Караџиќ бил српски јазичар и голем реформатор на српскиот јазик и азбука. Јазикот е жива материја, се развивал со векови и до денеска се развива, а така ќе биде сè додека се зборува за него. Што пишувал и говорел за српскиот јазик и правопис Вук С. Караџиќ прочитајте во продолжение.

Мисли за српскиот јазик и правопис од Караџиќ

„Јазикот е хранител на народот додека живее јазикот, додека го негуваме и почитуваме, го зборуваме и пишуваме, го прочистуваме, умножуваме и украсуваме. Додека живее и народот: „Може меѓусебно да се разбира и умно соединува, јазикот не се прелева во друг, не пропаѓа.“

„Дури во 1783 година Доситеј Обрадовиќ прв говорел дека српскиот јазик треба да се пишува како што народот зборува, и сам почнал колку што знаел, така да пишува“.

„Само за старите Грци не се знае од кого ја примиле науката, покрај нив и зборовите и начинот на говор, а сите останати народи кои после ја примиле науката едни од други попримиле нешто од двете. Така на пример, Латините попримиле од Грците, Германците од Латините, Русите од Германците; така и ние мораме понешто да примиме од другите јазици (и веќе нешто сме примиле), само треба да се создава.“

Писатели и рецензенти

„Тој писател што се плаши од рецензентот тој слободно нека не го зема перото во рака, ниту литературата ќе изгуби добро во него, зошто само тој докажува дека не знае за труд. А вистинскиот писател, рецензентите и законодавците го доведуваат во поголемо совршенство бидејќи знае дека пред светот ќе даде одговор за секоја своја реченица. Па пишувајќи се погрижува да може за секој збор да каже зошто така го напишал, а не поинаку. Таков писател дури и ако погреши, тој со волја и мислејќи греши, а не случајно. Тој не само што не се плаши од рецензентот туку му се радува и го посакува, сака делото да го испроба како златото во оган, и ако погреши да го исправи додека е жив.“

„Ние мислиме дека за секој предмет може да се пишува добро и убаво. На молерот не му се гледа што варосал туку како варосал. Така и кај писателот има сили што во цел свет добиле бесмртно име со пишување за грдите работи.“

„Важноста на книгите не се цени по нивната големина туку по она што е во нејзе и од кого е.“

„Секој човек може својот збор да го толкува како сака, иако на читателите не може никој да им забрани да не разбираат онака како што е напишано.“

„Во нашите народни песни најдрагоцена за нас е чистотата и сладоста на нашиот јазик. Kога книжевниците тоа би го познавале, тогаш не би ја расипувале или огрдувале најголемата скапоценост на својот народ, туку својот народен јазик би се труделе да го научат од народните песни.“

Прочитајте ги и следниве цитати од Вук С. Караџиќ.

Напишете коментар