Skip to content

Адам – Милчо Мисоски

Адам е гол
извикуваа сите.
Јас молчам.
Во промисла или домисла
скромноста станува невиност
на ветувањето.
Во молкот
искрадувајќи се од докажаното
слободата се остварува во задоволство.
Адам е гол
поклонете се
доаѓа кралот.

Од стихозбирката „Стаклени сенки“ 2020 г.

Напишете коментар