Skip to content

Војничка песна – Милош Црњански

Пред сребро, а и пред злато сум останал цврст
и пред Душановиот сјај.
За дворови царски не би мрднал ни со  прст
за тој на блудници рај.

Зошто да се грижам за тие мермерни дворој
за бронзениот полноќен саат,
што со очите слепи да ја одбива мора,
сестрата што била за братот раат?

Зошто да се грижам за велможите во свила,
со сокол в рака што се меркаат?
Татко ми е селанец што на тркало цвили
а волци ја глодаат мојата ќерка.

Никако за црквите душа не ме боли,
за домот на моќниот цар.|
За грчките икони на лесначките голи
во храмот мој робовски и стар.

И даде на душата нивна прошка
на гусларот селскиот пој.
Во нивите ми е погребан лелекот тој,
во проклета вечна пот.

Пред сребро, а и пред злато сум останал цврст
и пред Душановиот сјај.
За дворови царски не би мрднал ни со  прст
за тој на блудници рај.

Напишете коментар