Skip to content

Порака – Радован Павлоски

Ако умрам
Носете ме
На носилка од метафори
Никаде не спуштајте ме
Од брегот на едно море
На брегот од друго море
Одморајте ме
Растојанието нека плаче
Ако умрам
He ми ги затворајте очите
Продолжете ја љубовта
Co безначајности слепи
Ако умрам
Мртов не носете ме во Река
Во зеницата на светот
Закопајте ме.

Напишете коментар