Skip to content

Taa e… – Снежана Паноска

  • by

Таа е првата прегратка што ќе ја сетиш,
од нејзината утроба кога ќе се одвоиш,
капката топло млеко што ќе го испиеш,
првиот здив штом ќе го издишеш.

Таа е првиот збор што ќе го изговориш,
раката што ќе те крене кога ќе паднеш,
белото шамивче очи што ќе ти избрише,
тагата од првата љубов да си ја ослесниш.

Таа е насмевката на матурската вечер кога ќе заминеш,
горда на твоите дипломи дома кога ќе ги донесеш,
поддршка и првото оро на твојата свадба,
и рацете што твоето прво дете ќе го прегрнат.

Таа е столбот на твојот живот,
вечно исправена, кога те дочекува и испраќа,
со очи океани полни, но сепак насмеана,
за да не видиш колку многу ја болат заминувањата.

Таа е.. таа е .., онаа, која секогаш ќе те сака,
последната мисла кон тебе и твоите деца.
Таа  насебично секогаш ќе се дава,
таа е…. твојата МАЈКА.

Напишете коментар