Skip to content

Бладежна – Гане Тодоровски

Јас не знам што нè дели – некој презир лут?
Обајцата сме осуденици на недругарување.
Ми навева во душа често голем студ,
Со некое до болка самопрекорување…

Нè тресат болештините на овој век.
До што е божја налепа нас првин ќе нè подбере!
Очајна немоќ ни коби: ни нема спас, ни лек,
Нема ни виделце ќораво пат што ќе ни пододбере!

Недосег сè е… Од благонадежта – ни трошка!
Не ја изучивме уката на грст милозливост и прошка.
Талкаме безглаво ту едвај напред, ту многу назад –

Главни сме јунаци на сопствената анатема:
Нозете ни се поткусени…Излез се нема…
Грди сме достојници на самоомразата!

Напишете коментар