Skip to content

Платно – Марија Бакиевска

Со спуштени краци од човековата сенка
Во два правци, кон исти почетоци
Кон две сили, со гласот на различни завршетоци!
Лево минатото, а десно иднината
А во овој момент одлуката за сегашноста!
Се топат боите на длабочината
Се слуша хорот во позадината
Треперат ѕидовите покрај краевите
Се спуштаат покривите на индивидуалецот!
Каде застана?
Прашуваат очите
Зошто повторно падна?
Одговараат воздишките!
Зар на платното сопствено
Креаторот го избриша
И егоизмот го доцрта?
Празнината ја затрупа
И совеста ја затвори?
Или пак
Сликата од себе си, зад него ја сокри?
И веруваш дека никој нема да ја пронајди!
Што направи
Убав човеку
Пред платното уникатно што постави
И дали зрак надеж пушти
Еден прамен од четката на верата го препушти!
И ја примети
Ја откри
Ја забележа ли вратата од сопствената душа,
и клучот од бравата на сопственото срце?
Што црташ
Убав човеку на платното…

Напишете коментар