Skip to content

Девојката што се буди од сон – Влада Урошевиќ

Низ нејзиниот сон жолта пеперуга лета.
Утката крај книгите ѕвездите ги колве.
Крај постелата застанува непознатиот шетач
и ги гали роговите на сивиот овен.

Таа сонува дека плови низ воздухот горе,
дека може да лета како што може да трча.
Но одоздола, од земјата, замирисува билниот корен
и нејзините раце исплашено се грчат.

(Како што кога жарта црниот знак го втиснува
зацврчува земјеното луле и железната кутија,
така сега прободена од иглата на сонот вриснува
девојката-пеперуга во собата-кутија.)

Напишете коментар