Skip to content

Магарето и дупката – Поучна приказна

Понекогаш се наоѓаме во ситуација која, на прв поглед ни се чини безизлезна, но како и што ни кажува оваа приказна, доволно е само да бидеме упорни и решението само ќе се појави од некаде.

Еден фармер имал огромно парче земја, толку големо што никогаш не успеал да го помине целото. Еден ден седнал на магарето и решил да провери што сè има на неа.

По 3 часа, магарето паднало во огромна дупка. Фармерот бил очаен, бидејќи никако не можел да го извлече од неа. Не сакал да дозволи магарето да умре во болки, па решил да го закопа и да му ги скрати маките.

Но, штом фармерот ќе фрлел лопата со земја врз магарето, тоа ќе ја истресело од грбот и ќе застанело врз неа. По 3 дена во дупката веќе имало доволно земја така што магарето можело да излезе од неа.

Прочитајте ја и приказната за „Дедото и репката.“

Напишете коментар