Skip to content

Разделба – Гане Тодоровски

Заминуваш и не се вртиш
страв прастар страв од скаменување
е она во тебе што ‘рти
ко бол од едно одминување

Заминуваш и носиш многу
во таа своја нема закана
без пораки без прошка без збогум
смраморена и неизнаплакана

Заминуваш заитана без глас
со прпот на преплашена препелица
исчезнуваш во невратка и в час
стануваш сенка во невиделица

Напишете коментар