Skip to content

Чуварот на светилникот ги сака премногу птиците – Жак Превер

Птиците со илјадници летаат кон светлината,
со илјадници паѓаат со илјадници се удираат,
со илјадници ослепени со илјадници скршени,
со илјадници тие умираат.

Чуварот не може да издржи такво нешто,
тој премногу ги сака птиците,
тогаш тој вели Толку полошо Не ми е грижа!

И тој згаснува сѐ.

Во далечината еден товарен брод потонува,
еден товарен брод кој доаѓа од островите,
еден товарен брод натоварен со птици,
со илјадници птици од островите,
со илјадници удавени птици.

Напишете коментар