Skip to content

Жена која спие – Влада Урошевиќ

Ламба во нејзинот сон гори
и мачка гази со кадифените шепи.
И додека шума со шума во темнината спори
се раѓаат езера невини и слепи.
Таа е неподвижна како затворена книга
но неми слики во неа се движат.
Пред портата на куќата лежат риба, ѕвезда, тигар,
и виснатата рака со јазици И ја лижат.
Каде ја носи бранот и кој очите И ги шири
пред која глетка, пред кое чудо, седмо, осмо?
Кој ја води – рибата во кој ли прилив,
тиrарот во која шума, ѕвездата во кој ли космос?

Влада Урошевиќ е македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач. Редовен член на МАНУ од 1997 година. Неговото творештво е плодно, а има добиено многубројни награди.

Напишете коментар