Skip to content

Зад приказната на Пипи – А. Лефкоска

„Пипи Долгиот Чорап“ е убедливо една од најубавите приказни за деца. Ретко постои човек кој не го знае бестрашното девојче со црвени плетенки и куфер полн златници, но и ретко кој ја знае позадината зад создавањето на оваа безвременска приказна која пораснала и сѐ уште расте многу генерации.

Кога во 1941 – ва година, седумгодишната ќерка на Астрид Линдгерн, Карин се разболува од пневмонија, бара од мајка си да ѝ раскаже приказна за Пипи Долгиот Чорап, па така Астрид секоја вечер пред спиење ѝ раскажува приказни за едно невообичаено девојче кое живее во Вила Вилекула со својот коњ и мајмун. Таа ги крши скоро сите општествени норми, слободна е и бестрашна. Нејзината храброст Астрид ја вметнува во приказната за да ја мотивира Карин што побргу да се избори со болеста.

Карин оздравува, но Астрид продолжува да раскажува за Пипи, понекогаш само на Карин, а понекогаш и на нејзините пријатели. Кога го здогледува воодушевувањто на децата, таа се одлучува конечно сите тие приказни да ги склопи во роман. Иако првично ракописот бил одбиен од издавачката куќа „Бониерс АД“, книгата е објавена во ноември 1945 – та година од страна на „Рабен и Сјорген.“
Денес, приказната е преведена на повеќе од деведесет јазици, тема е на стотици екранизации и театарски претстави, радува милиони деца ширум светот, влевајќи им храброст и шепотејќи им меѓу редови дека е сосема во ред да си различен.

Прочитајте го и извадокот за „Лидија“ од Оливера Николова.

Напишете коментар