Skip to content

Како им бил даден огнот на луѓето? (Според митот за Прометеј)

Според грчката митологија и митот за Прометеј дознаваме како им бил даден огнот на луѓето.

Во дамнешни времиња живееле двајца браќа кои не личеле на другите луѓе, но не биле ни како титаните или како великите богови што живееле на врвот на Олимп. Тие му биле синови на еден од титаните, Јапет, кој се борел против Зевс и поради тоа бил окован во синџири и фрлен во страшниот затвор на Долниот свет. Меѓутоа, двајцата браќа не војувале против Зевс и затоа живееле слободно. Постариот брат се викал Прометej, зашто секогаш мислел на она што треба да се случи. Однапред предвидувал што може да се случи и, во зависност од настанот, навреме се подотвувал за она што можело да стане утре или по една недела, по една година или дури и по сто години.

Помладиот брат се викал Епиметеј, зашто никогаш не мислел на она што може да се случи за да го преземе она што е потребно. Воопшто не се грижел што може да се случи по извесно време. Дури откако ќе се случело нешто, размислувал што може да стори и како да го измени тоа што се случило. И поради тоа многу страдал. Бидеќи двајцата брака, не се бореле како другите титани против Зевс, тој ги сакал и не ги затворил заедно со другите.

Прометеј сакал луѓето повторно да бидат среќни

Прометеј не сакал да живее во облаците на врвот на планината и времето да му минува залудно. Додека великите богови ги минувале деновите таму, пиејќи нектар и јаделе амброзија, Прометеј размислувал како да го направи светот помудар и подобар. Отишол да живее заедно со луѓето за да им помага. Душата му се натажила кога гледал дека луѓето веќе не се среќни како порано, за време на Златната епоха кога владеел Хронос. Колку океани биле сега луѓето! Прометеј гледал дека живеат во пештери и во дупки во земјата и дека треперат од студ бидејќи немале оган и умираат од глад прогонувани од дивите ѕверови. Тие биле најнесреќни суштества на земјата.

– Да има барем оган, – помислил Прометеј. – Ќе можеа да се стоплат и да си зготват јадење. По извесно време би можеле да се научат да прават алати и да си градат куќи во кои ќе живеат. Без оган живеат полошо и од ѕверовите. Прометеј храбро отишол пред Зевс и го замолил да им даде оган на луѓето за да почувствуваат барем малку радост за време на студените и стушени зимски месеци.

– Не давам ниту една искра! – одговорил Зевс. – Види го ти него! Ако добијат оган, луѓето можат да станат силни и мудри како нас и да нè истераат од нашето царство. Остави ги нека се тресат од студ! Остави ги да живеат како животни! Подобро е да страдаат и да не знаат ништо. Така ние ќе можеме да живееме убаво и да бидеме среќни.

Ги напуштил планината Олимп и Зевс

Прометеј не одговорил ништо, но со умот си решил да му помогне на човечкиот род и таа мисла постојано му била во главата. Се свртел и ги напуштил засекогаш Зевс и Олимп. Бидејќи одел крај морето, Прометеј видел едно растение што личело на трска, а го викале нартикс. Го пресекол и видел дека неговото стебло е исполнето со мека срцевина што би можела да гори бавно и долго време да го одржува огнот. Ја зел долгата трска и тргнал накај изгревот, каде што се наоѓала куќата на Сонцето.

– Човечкиот род треба да има оган, – мислел Прометеј – не е важно дали гневниот Зевс, кој живее на врвот на планината и им се радува на огнот и на светлината, го сака тоа или не!

Пристигнал во зорнина, токму во моментот кога блескавиот златен диск на сонцето излегувал од земјата и го почнувал својот секојдневен пат по небото. Го допрел крајот од трската со сончевите пламења и сувата срцевина се запалила и почнала да гори бавно. Прометеј бргу се вратил на земјата, носејќи ја со себе скапоцената искра што била скриена во шуплината на растението. Тогаш викнал неколку луѓе, кои трепереле од студ во пештерите, и им покажал како да се топлат со тој оган и како можат од жарта да запалат и други огнови.

Им го дал огнот и ги научил на многу корисни работи за преживување и опстанок

По кратко време во секоја колиба пламтел пријатен оган. Мажи и жени се собирале околу огнот, се топеле, се радувале и го благословувале Прометеј за чудниот подарок што им го донел од сонцето. Наскоро луѓето научиле да си ја готват храната и да се хранат како луѓе, а не како животни. Почнале да се одвикнувааат од дивите животински навики. И наместо да се штураат во темните места, излегувале надвор, на чист воздух, под животворната светлина на сонцето и да му се радуваат на животот.

Постепено Прометеј ги научил на многу нешта. Ги научил како да градат дрвени и камени куќи, како да ги спитомуваат овците и кравите за да им бидат корисни, како да ораат, да сеат, да жнеат и да се чувааат од лошото време зиме и од дивите шумски ѕверови. Потоа ги научил како да ја копаат земјата и да наоѓаат бакар и железо, да ги топат металите и да им даваат со чекан разни формим да изработуваат од нив алати и оружје што им се потребни за време на војните или во мир. И кога видел колку среќен станал светот, Прометеј извикал:

– Пак ќе настапи нова Златна епоха, уште пославна и поубава од старата.

Можеби ќе ве интересира да го прочитате и митот за убавиот Ганимед и Зевс.

Напишете коментар