Skip to content

Бессоница – Ана Брнардиќ

одеднаш, крововите стануваат сини
ноќта се стуткала под снежната покривка
одговори на прашањата се разлеваат во темното мастило
врз камен од друга земја ја одморам главата
мојата љубов спие во соседната соба
каде растат црни дрвја и црни птици
нејасни и недоверливи зборови врз зимзелено лисје
наскоро ќе се разбуди
во кујната ќе сјаат неговите ископани очи
со ладниот јазик на тињата ќе ѝ изјави љубов
на далечината
на пламенот кој се пали и гасне
сега спие, ги лекува раните со вода од меурот на ноќните оргули
ноќта малку претерала со црнилото
домашните без сон ги вртат гламносаните дланки

Превод од хрватски јазик Никола Кукунеш

Напишете коментар