Skip to content

Авантурата на бродот наречен “Учителот” – Анонимен автор

  • by

Едно девојче ја среќава својата професорка и ја прашува: „Се сеќавате ли на мене?“ Таа вели, не. Тогаш девојчето кажало дека била нејзина ученика, а таа ја прашала: „Што работиш?“ Девојчето одговорило: „Станав професорка”. „А, одлично, како мене?” – прашала таа. „Да. Всушност, станав професорка затоа што Вие ме инспириравте да бидам како вас”. Професорката љубопитно, го прашала девочето како одлучило да стане професорка. А тоа ѝ ја раскажало оваа приказна:

Понекогаш чекорев по патот во кој се беше еднолично и празно, испреплетени настани кои изобилуваа со дождовни бури. Се трудев да се променам на различни начини, но сепак продолжував да го живеам брзиот, односно замислено исполнетиот живот. Верував во моралните вредности кои сама ги поставив за основа, лажна основа. Со текот на времето, полека се појавуваше ведрина, се појавуваше боја. Но не, не го променив правецот, останав на истата патека по која што чекорев, но одеднаш почнаа да се создаваат шаренолики цвеќиња. Семето се хранеше со огромната посветеност и ангажираност од Ваша страна.

Моето сидро беше приковано далеку од вистинскиот пат, но сепак успеавте да го придвижите бродот кон желба за знаење. Вие бевте капетанот со кормилото во рака, пловејќи низ времето ги поставивте скалилата, по кои чекорам, се искачувам кон врвот на успехот. Можеби клучот за отклучување на вредностите, длабоко скриени, се наоѓаше во Вашите раце. Со безрезервната посветеност и инспиративност успеавте да продрете и до најдлабокиот дел, да допуштите истите да испливаат на површината од овој океан.

Вас можам да ве опишам како светлина која се појави во темниот тунел и влијаеше многу на моето однесување. Ви блгодарам за сè, за оние моменти за кои воопшто не сте знаеле, но на некој начин сте ми помогнале и инспирирале за да преминам низ одредени препреки!

Ќе сонувам и понатаму со отворени очи, ќе пловам низ времето надевајќи се дека во иднина и јас ќе имам кому да му ја раскажам оваа авантура за бродот наречен “Учителот”.

Анонимен автор

Напишете коментар