Skip to content

9 тажни, но вистинити факти од светот (втор дел)

Втор дел од “серијалот“ тажни, но вистинити факти од светот. Поголемиот дел од фактите се тажни, а некои сурови, но за жал се вистински. Прочитајте ги во продолжение и заклучете кој факт најмногу ве допира вас лично.

1. Семејството на прво место

Не може да се очекува луѓето да им помагаат едни на други поради добрината во срцето. Некои истражувања покажале дека поголема е веројатноста луѓето да им помогнат на членовите од семејството во споредба со пријателите или странците бидејќи поверојатно е дека членот на семејството ќе ја возврати помошта.

2. Бездомни мачиња

Во САД има кучиња и мачиња бездомници кои не можат да си најдат дом, а секоја година на 2,7 милиони од нив им се прави еутанзија за да се направи простор во складиштата за животни. Иако е невозможно да се знае точниот број, се проценува дека само во Соединетите Американски Држави постојат околу 70 милиони мачиња скитници.

3. Најлошата мајка 

Мајките хрчаци понекогаш ги јадат своите новородени бебиња. Тоа може да биде од различни причини, но еден од најголемиот проблем е тоа што мајката хрчак е под стрес и претпоставува дека нема доволно храна или простор за сите бебиња да прежвеат во својот мал кафез.

4. Овде е мрачно

Во 2006-та година, мрзливата мечка наречена Кали родила мало младенче и веднаш го изела. Додека сите биле згрозени, вработените во зоолошката градина Смитсонијан, претпоставувале дека можеби првото бебе било мртвородено. Меѓутоа, второто и третото младенче биле здрави. Неколку денови подоцна, Кали изела уште едно свое бебе. Побрзале да го спасат последното преживеано бебе во леглото и го одвоиле од мајката. На крај испаднало дека сите мрзливи мечки имале грип, а тоа било доволно Кали да ги убие своите бебиња за самата да се спаси.

5. Пливачка депонија

Секоја година бродовите за крстарење фрлаат 6,3 милијарди килограми смет во океаните.

6. Страв поради гордост

Поради гордоста, само еден лав може да биде еден алфа мажјак. Ако нов лав стане алфа мажјак, а од претохдниот алфа мажјак останале мали лавчиња, тој ќе ги убие. Потоа на женките им прави нови деца.

7. И делфините се сурови

Кога мажјакот делфин бара женка со која би се спарил, по случаен избор би можел да најде самохрана мајка која веќе има младенчиња. Во овој случај тој ги убива младенчињата за да може да се пари со таа женка. Причина за ова е дека кога делфинот еднаш ќе се породи, не сака да се пари во следните три години. Покрај тоа, не сакаат да трошат ресурси за грижа за деца кои не се нивни.

8. Децата што се приморани да работат

Ширум светот постојат 250 милиони деца кои се приморани на тешка работа. Кога ќе помислите да се жалите колку ви е напорна работата, помислете на овој факт.

9. Хикикомори

Во Јапонија постои огромна популација млади и адолесценти наречени “Хикикомори“ кои никогаш не ги напуштаат нивните спални соби. Тие одбиваат да комуницираат со остатокот од општеството, а грижата за себе им ја препуштаат на другите. Постои голема дискусија дали Хикикомори е ментално нарушување. Клиниките во Јапонија го третираат како ментална болест.

Доколку ве интересира, можете да го прочитате и првиот дел од тажните, но вистинити факти.

Напишете коментар