Skip to content

Само поезија

На падите на Аволон меч отворив
Растурив земја
Раскопав трева
Те полеав низ езерските води
Се скри на дното од мислите
Син лебед постана
Пополека умираш осамен и сам
Но како Феникс ќе воскреснеш
Ќе станеш Фата Моргана
Оптички мираж кој ќе ми ги засени пустините
Ќе ми ги поплави морињата
Ќе ме разбуди на првиот пролетен ден
Ќе ја распарчи  мојава срцева кора
За да живее во срцево , да се провејува низ душава
До крајот на времето.
Зошто ти си љубов,
Љубовта нема смрт, има само живот
Има само поезија.

Напишете коментар