Skip to content

Промоција на „Палави афоризмичиња“ од Миле Ѓорѓијоски ќе се одржи во понеделник во КИЦ Романса

Промоцијата на „Палави афоризмичиња“ од авторот Миле Ѓорѓијоски закажана е за понеделник, 28.03.2022 во 12 и 30 часот. Настанот ќе биде одржан во КИЦ Романса во Македонска Каменица. На промоцијата покрај останатото ќе има изложба на илустрирани детски афоризми.

Палави афоризмичиња 1 е првата книга со детски афоризми од македонски автор, а Палави афоризмичиња 2 и 4 првите сликовници со детски афоризми. Едицијата во „Во светот на палавите афоризмичиња“ е прва едиција од унфицирани детски афоризми (кои авторот ги работи по порачка за луѓето што му праќаат слики од своите деца, а тој прави сликовници со оригинални афоризми за децата). Илустрациите за Палави Афоризмичиња 1 и 2 се на Миро Георгијевски, за 4 и 6 на Кети Радевска, за 3 Јордан Поп Илиев, а за 5 на Јитет Коестана, Индонезија. Моментално авористичарот Миле Ѓорѓијоски работи на нова сликовница со карикатуристот Миле Манчевски.

Во Македонска Каменица, покрај промоцијата и изложбата на илустрирани детски афоризми ќе има и едукативни часови за афоризамчиња и илустрации на книги со децата од основните училишта, кои ќе ги одржат Миле Ѓорѓијоски и карикатуристот Миле Манчевски.

Напишете коментар