Skip to content

Поучна приказна за вербата

Во едно мало село дожд не заврнал долги три години. Три години селаните се бореле со сушата, со горењето на секоја една семка посеана и цврстината на земјата која тие ја работеле и од која живееле.
Еден ден, при заедничка вечера во селската кафеана, селаните одлучиле да направат нешто за да го довикаат дождот во селото. Летале идеи наоколу, но никој не успеал да каже ништо конкретно, наеднаш од ќошето на масата се зачул тивок глас:

„Можеби може да се помолиме?“ Рекла девојката – ќерката на библиотекарот.
„Да се помолиме?” Крикнал некој од нив. „Три години веќе се молиме и ништо не бидува. Што ќе ни смени овојпат молитвата?” Запрашал младиот дечко од другиот крај на масата. Останатите селани почнале да мрморат во согласност.
„Добро, тогаш да веруваме. Да веруваме дека за три дена од денешниов ќе ни заврне дожд.“ Рекла девојката. „Што имаме да изгубиме?“ Додала таа.
Селаните, слушајќи го овој нејзин одговор се согласиле и се договориле за три дена сите да излезат надвор за сите заедно  да го дочекаат дождот.

Два дена поминале, ништо не се случило, небото било ведро и сончево. На третиот ден селаните излегле на плоштадот; некои со рацете в џеб, некои разголени и без маици, само ќерката на библиотекарот излегла со чадор на плоштадот гледајќи кон небото кое полека се затемнувало. Наеднаш небото почнало да се истура, дождот конечно се вратил и ја покиснал земјата и ги научил селаните лекција или три за вербата.

Прочитајте ја и поучната приказна за истрајноста.

Напишете коментар