Skip to content

Вилино коњче – Петре М. Андреевски

Не памети ни години, ни зима,
ниту вчерашни спомени има,
ниту староста сака да ја сретне…
Само ќе пламне, ќе брчне, ќе претне,
ќе рипне, воздухот ќе го скине,
ко темјанушка низ него ќе мине,
ќе поигра над водата малце,
како над шарено огледалце
и ќе се види и во денот иден
кај што не треба повеќе да биде
и, ко што пламна, ќе угасне исто
тоа еднодневно пламенче чисто…

 

Напишете коментар