Април е – Ирена Блажеска Дончева

Остави ги
Барем денес е нивни ден
Нека уживаат во тоа што веруваат
Без клевета
Без грев
Без некој со површни очи да ги погледне
Без некој да ги покори
Без никој збор да не проговори.
Остави ги
Зашто кој тргнал по тие патишта
Светот со сиви очи го погледнал
Се удавил во своите вистини
Чист свет со бистри очи не си дозволил.
Април е
Нека уживаат во месецот на лагата
Нека уживаат во шегата,
Барем сега нека се радуваат
Без да пропаднат во сопствената стапица.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели