Skip to content

Филип и Демостен – Поучна приказна и грчка легенда

Филип и Демостен

Грчкиот владетел Филип бил опкружен со ласкавци и лицемери. Неколку дворски измамници го барале познатиот оратор Демостен со намера да го убедат да им се придружи во фалењето на кралот Филип.

„Зошто никогаш не го пофалиш кралот со збор? Зошто не најдеш ниту еден убав збор за  неговите многубројни квалитети? – Кои се тие квалитети? прашал Демостен. „Кралот е одличен оратор, многу убав човек и секако, прв е во пиење на алкохол “, одговориле ласкавците и лицемерите. Демостен им одговорил: – Првата е пофалба за адвокатот, втората за жената, третата за сунѓерот, а ниту една за кралот!

Прочитајте и „Приказна за жената и распуканиот сад“.

Напишете коментар