Skip to content

Гaлерија – Марија Бакиевска

  • by

На Тиана Вучева

Во сенките на моливот се наоѓа праменот на твојата уникатност!
Таму измеѓу црно-белите линии е просторот на твојата длабочина!
И стои слика
Која рамка нема
И чекорат боите
Кои никогаш не избледнуваат
Зошто?
Очите прашуваат?
Затоа што
Делото на уметникот е допир на срцето
Делото од твоите раце е мост на животот!
Твоето десно на белиот лист е глас
Твоето горе кон облаците е нечие јас!
Во насликаното од платното
Се чувствува убавината твоја
Таму поблиску се доживува импресијата која,
надежта ја враќа, силата ја обновува, душата ја менува!
Ти уметнику свој
Зраците на топлината денес ги спушташ
И преку капките на дождот љубовта ја пушташ!
Да тече
Да се излее
Во сите делови да навлезе
И од секој човек најдоброто да го изнесе
Ремек делото да го прикаже!

Напишете коментар