Skip to content

Неколку димензии на мракот – Марија Шекеровска

  • by

Ја сакам ноќта,
го сакам и мракот,
тишината во тишината,
мракот во тишината,
тишината во парадоксот,
од семоќието на темнината,
од безвредието на покуќнината,
од мракот за ноќта,
од ноќта кон денот,
од денот кон утре,
од утре за утре.
Го сакам и мракот,
кога не е целосен,
мракот, кога е замрачен,
мракот кога е поплачен,
кога е пуст, во тишина, превијан,
кога е густ со толпа светулки осветлен.
Го сакам секаков,
го сакам и предвечерието,
што денот го претопува,
во тишината на тетраедарот,
од занданата на сопствената душа

Напишете коментар