Skip to content

Април е најсуровиот месец

Април е најсуровиот месец, белината на снегот не ги топли нашите души
Само стаклени дождови крцкаат под зелениот тепих.
Босоноги трчаме низ ливадите од папирус
И ги запишуваме стиховите на поетите кои живеат во нас
Цртаме цветови од виножита кои се појавуваат кога има сонце, но нема дожд.
Таков  е овој април, суров со сонце,
Штрковите ги бараат своите изгубени љубови
Загледуваат лебеди во морската шир
И се им се причинува станале грациозни
Како морето, како лебедовата песна
И не знаат дека воздухот ги дели од морето
Имаат крилја кои ги носат кон височините
Не знаат дека април е суровиот месец, за лебедите
Кои нуркаат кон подземјето
Априлу, суровоста е во лебедовите очи
Во јужниот воздух кој се бори со Бореас
Кој Оретија сака да ја грабне
Но, не може, не му даваат суровите лебедови очи.

Напишете коментар