Skip to content

Фински модел на наставник по македонски ,,стандарди” – Јована Анастасијевска

  • by

И како што гласи една позната изрека: ,,Доколку сакате да уништите една држава уништите и го образованието”. Сведоци сме дека македонскиот образовен систем е нефункционален. Лошите ,,ископирани” реформи  кој со години се прават, не даваат никаков резултат на ова поле. Образованието со години тапка во место со застарени методи на работа, несоодветни програми. Во некои училишта сè уште нема доволни современи дидактички материјали, средства и услови за реализирање на наставен процес, па сè до непочитувањето на ова професија во која треба највеќе да се вложува.

Од наставниците се бара двојно повеќе од што самиот систем дава. Ова доведува наставникот да се чувствува недоволно вреднувано, ценето. И сè тоа влијае и врз квалитетот на работата со учениците, а забораваме дека наставниците се оние кои ги воспитуваат и образуваат идните генерации. Затоа промената е највеќе потребна токму поради нив.  Просветната работа како наставник и професор е една од најодговорната професии на човештвото при што наставниците учевствуваат во развојот на  млади личности, луѓе кои треба да го менуваат светот. Во минатото професијата наставник била најценетата и најпочитувана професија. Денес во многу поразвиени земји оваа професија е ценета, а наставничките плати се достоинстевни и за нив државите издвојуваат највеќе средства како на пример Луксембург, Финска, Шведска, Канада, Германија.

Во Луксембург платата на еден наставник изнесува помеѓу 67.391 и 76.376 евра годишно. Во Финска 3570 евра месечно. Многумина ќе кажат дека не треба да се споредуваме со европските земји, но споредбата мора да се направи бидејќи Македонија тежнее да биде дел од ЕУ. Со покачување на платите се дава грижа и важност на наставниците, а со тоа и поефикасна и мотивирачка клима за работa, како што е примерот со овие држави чиј образовниот систем е на највисоко ниво со најуспешни резултати на PISA тестирањата. Но, тоа не е случај со учениците во Македонија каде на сите тестирања за жал сме претпоследни, а постојано вината највеќе секако паѓа на наставникот.

Наставниците во нашата држава се соочуваат постојано со стеретипи од типот дека нивната работа е лесна, трае неколку часа и нивната работа завршува со одење во нивните домови (незнаејќи всушност дека нивната работа започнува токму дома), со годишни одмори, повеќе слободно време за разлика од другите професии. Во реалноста сликата е доста поинаква. Се бара ,,фински модел” на наставник од наставниците во образованието, а платите на наставниците се сè, не само фински. Затоа сите заедно ученици, родители и останатите, да дадеме подршка на сите наставници да истраат во својата борба за подобар, подостоинствен живот. A со тоа и учениците ќе добијат поквалитетно образование и воспитание од страна на наставниците. Со надеж дека наставниците ќе ја вратат својата професија таму каде што заслужува. На самиот Врв!

Пишува: Јована Анастасијевска, студент на Педагошки факултет – Скопје

Напишете коментар