Skip to content

Воскресение – Марија Бакиевска

  • by

Таму каде што е вечноста
И смислата на постоењето = ИСУС
Таму каде што е љубовта
И крајот на болката = ИСУС
Таму каде што е вистината
И преминот на животот = ИСУС
Таму каде што е силата
И поразот на смртта
Таму каде што е слободата
И преминот на нераспадливото
Таму каде што е домот на нашето срце
И двороцот на нашата душа
Таму каде што љубовта не посвои
И милоста нè исцели = ИСУС
Таму каде што Неговата смрт, нашата ја победи = ИСУС
Таму каде што Славата Божја се прослави
И гревот зад клинците се порази = ИСУС
Таму каде што верата сега
Го носи значењето утре
Таму каде што истрајноста денес
Ја носи промената утре!
Таму каде што повикот денес
Гласот кој бие одвнатре
Дојди Господе
Е покана за твоите и моите зборови да станат на нозе,
да оживеат, да се доживеат, длабоко од длабочината да се слушнат!
Христос Воскресна
Навистина Воскресна!