Skip to content

Воскреснување – Наталија Наумовска

Воскреснуваме од сонот секое утро
кога првиот сончев зрак се издига на небо,
стануваме од постела после длабок сон,
ги оживуваме минутите преку животниот ѕвон.
Во срцата ни чука дел од срцата на сите наши предци
низ вените ни тече крвта црвена ко вино темно,
а душата сака одмор, радост, преродба.
Ренесансни мисли, чувства и молитви
да се слави животот пред смртта,
да се благодари и моли за добро здравје,
да се опева доброто кое го победува злото,
да се простува, да се покори пред светото,
да се слави животот, да се победи смртта,
за да се потсетиме на Воскреснувањето,
на Исусовата победа над смртта,
тој што го направил она кое никој друг не го сторил,
што страдаше и гревот човечки го презеде,
Воскресна од мртвите и повторно се создаде.
Христос воскресе! Навистина воскресе!

Напишете коментар