Skip to content

Време – Анте Поповски

Ние што пророкувавме да не биде убаво многу
Туку само толку колку за да оздравиме
– Бевме обични луѓе.

Ноќта и нам ни се криеше меѓу трендафили под прозорец
Земјата ја пишувавме со мала буква
И кубиња стоеја заклучени зад ридоите.

Се молевме кон небото – а гласот ни беше тежок
И паѓаше пак долу на земјата
За да не нè чуе ништо зашто немаше кој да нè чуе.

Беше време во какво никој друг да не се роди, Господи.

Напишете коментар