Skip to content

Не секому се открива душата – Поучна приказна

Една млада девојка отишла кај мудрецот целата облеана во солзи. Мудрецот ја примил дома и откако ја понудил со кафе, ја прашал зошто е дојдена. „Не знам што да правам,” му рекла таа. „Секогаш се обидувам да се однесувам добро со луѓето, да не повредувам никого, помагам со што можам. Но често, наместо благодарност и почит, добивам навреди и иронични насмевки. Дури и некои луѓе се отворено непријателски настроени кон мене. За ништо не сум виновна, а толку е неферски навреди да добивам! Посоветувајте ме што да правам!“

Мудрецот ја погледнал со насмевка и ѝ рекол: „Соблечи ја облеката и оди во градот така.“„Молам?!“ Извикала девојката и станала да си оди. „Еве гледаш, ли? Мудрецот се насмевнал повторно. „За да го покажеш голото тело на луѓето се срамиш. Зошто тогаш одиш во светот со гола душа? Таа е отворена како оваа врата. Секој кој сака, влегува во твојот живот и ги гледа твоите достоинства како одраз на сопствените пороци. Така тој почнува да се обидува да те навреди, клевети, понижи. Не секој има храброст да признае дека некој е подобар од него. Погледни ги овие убави цвеќиња! Се грижев за нив многу години и ги наводнував, но никогаш не ги видев нивните пупки, иако уживам во убавината и аромата на секој од нив. Биди како цвет – откривај го своето срце пред луѓето полека и незабележливо. Погледни кој е достоен да ти биде пријател и да ти ја види душата, инаку таа секојпат ќе биде погазена.”

Прочитајте и за „Мудриот човек и грижите“.

Напишете коментар