Skip to content

Рибарот и одморот – Поучна приказна

Еден претерано богат, но и арогантен човек се шетал на една малечка плажа. Така одејќи нагоре – надолу, здогледал еден млад рибар како лежи под дрво, пувка цигара и ужива во прекрасната глетка пред него. Човекот му пришол и го прашал рибарот зошто не работи, а рибарот му одговорил дека фатил доволно риба за тој ден и дека сега одмора.

Слушајќи го одговорот, бизнисменот се налутил (иако, немал право на тоа):
„Зошто па не одиш да фатиш повеќе риба? Прашал тој, на што рибарот му одговорил: „И што би направил со неа?“ „Па, ќе ја продадеш.“ Рекол бизнисменот. „А, потоа?” Прашал повторно со истиот тон рибарот. „Потоа, ќе инвестираш во поголем брод и ќе почнеш поголем бизнис.” Му одговорил човекот. „И што потоа?” Прашал повторно рибарот. Човекот веќе почнал да се нервира. „Потоа, ќе станеш бизнисмен и богат како мене и потоа ќе можеш да одмораш и уживаш.“ Рибарот немо го гледал човекот и по неколку минути тишина, прашал: „А, зар не го правам сега јас тоа?”
Човекот замолчел, а по неколку минути видно збунет и засрамен, се завртел и си заминал.

Поука: Зошто да губиме време чекајќи, кога едноставно можеме да уживаме во моментот?

Прочитајте ја и поучната приказна „Не секому се открива душата”.

Напишете коментар