Skip to content

„Мојата трка“ – конкурс за поезија во рамки на меѓународната спортска манифестација „Трка на поезијата“, Струга

Секоја година, на 15 април, се слави Светскиот ден на уметноста чија цел е да се зајакнат врските помеѓу уметноста и општеството, да се поттикне поголема свесност за различноста на уметничките изрази и да се нагласи придонесот на уметниците. Токму во тој дух Меѓународната спортска манифестација „Трка на поезијата“ во организација на здружението „Спортски мостови“, Струга, распишува конкурс за најдобра необјавена творба на тема „Мојата трка“. Така Струга, ќе трча не само атлетски, туку во својот дух и поетски.

На конкурсот можат да учествуваат автори, кои ќе пратат една своја необјавена песна на темата, на email адресата: [email protected] Во рамки на пораката, треба да се испрати и име и презиме и телефон за контакт. Поезијата може да се испраќа до 10.05.2022. На прес-конференцијата ќе биде објавен најдобриот учесник.

Поетскиот конкурс, ќе го координира тричлена жири-комисија составена од: д-р Мерсиха Исмајлоска, доктор по филолошки науки, м-р Ивана Андоноска Спасовска, магистер по правни науки и м-р Биљана Тодоровска, магистер по драматургија, минатогодишен добитник на поетската награда.

Како што би рекол и Шон Бингам (John Bingam): „Чудото не е дека стигнав на целта. Чудото е во тоа што имав храброст да почнам“, ве поттикнуваме да бидете храбри и да ни праќате ваши стихови кои можеби ги чувате тајно во некоја фиока.

Линк за повеќе детали

Напишете коментар