Skip to content

10 народни гатанки за разигрување на умот

Македонскиот народ има богато книжевно творештво. Покрај легендите, преданијата и приказните, нашиот народ бил ептен креативен и во создавање на гатанки кои баш тераат на размислување. Во прилог имаме избор од десет народни гатанки. Се надеваме дека ќе уживате во мозгувањето. Прочитајте, размислувајте, забавувајте се!

1. Воздухот го создава, живее без тело, слуша без уши, зборува без уста. (oxе)

2. Со едно огниште цел свет се грее. (ецнос)

3. Ако ме употребиш ќе бидеш ти, ако ме изгребеш тогаш ќе бидеш никој. (оладелго)

4. Тебе ти припаѓа, а други ти го користат. (еми)

5. Ум дава, а не зборува. (агинк)

6. Колку што ги правиш, толку зад себе ги оставаш. (игарт)

7. Низ него одиш, а не го гледаш. (худзов)

8. Градови и села има, куќи нема, планини има, дрва нема, реки и езера има, вода нема. (апам)

9. Брат и сестра се бркат и не можат да се стасат. (нед и ќон)

10. За еден е многу, за двајца е доволно, а за тројца – никако. (анјат)

Прочитајте и „10 гатанки за малите умни глави“.

Напишете коментар