Skip to content

Освојување – Милчо Мисоски

Во џебовите од старото палто
тропкаат моите последни стихови
со кои го скротувам времето.
И без да преречам
од мене се откраднува верноста
човековата мерка на постоењето
потонувајќи во љубопитноста,
која е тука само за мене.
Го одземам целото спокојство на љубовта
освојувајќи го она што се сака.

Од стихозбирката „Стаклени сенки“ (2020)

Напишете коментар