Skip to content

Слушај поезија: „Отсуство“ (Ausencia) од Пабло Неруда

На каналот Слушај поезија и други приказни најновото аудио-видео е објавено. Ја читав поемата „Отсуство“ од Пабло Неруда на оригиналниот јазик на кој е напишана.

Македонски превод:

Само што те оставив,
внесе во мене, кристална,
или трепетна,
или немирна, рана што сам си ја зададов,
или полна љубов, како кога очите твои
се затвораат врз животниот дар
кој без престан ти го предавам.
Љубов моја,
се пронајдовме жедни
и си ја испивме сета вода и крв,
гладни се пронајдовме
и се нагризавме,
како што нагризува и огнот
оставајќи нè ранети.
Но чекај ме,
чувај ми ја твојата слаткост.
Јас ќе ти дарувам
исто така една роза.

Слушнете и „Ноќеска можам да напишам стихови“ од Пабло Неруда.

Напишете коментар