Skip to content

Татковина – Милена Лунеска

Ах, татковино, моја земјо, моја родино!
Погледниме, мене, родољубецот,
искачен по карпите, високите планини,
како гордо стојам горе, на твоите врвови!
Од високо,
со очиве, како Сонцето,те милувам,
како небото,со срцево, те прегрнувам…
Ех,заедно со ветерот, те мирисам!
И на тие карпи вековни,
пеам песни, стари македонски,
ехото на среќата, во далечина, на светот му го испраќам!
Со виноТиквешко,
на височините,под облаците,
за твоите убавини, наздравувам!
…Медовина во устата, убавина во душата!
Ах, моја татковино, земјо моја, моја родино,
нека ни е вечна дружбата, а и љубовта!

Милена Лунеска е автор на 5 дела: „Два часа“, „Исчистени души“, „Ќерката на премиерот“ и „Добро утро, љубов!“, објавени за различни издавачки куќи. Последна нејзина издадена книга е стихозбирката: „Љубов облечена во бело“.

Напишете коментар