Skip to content

Азил на болката – Јелена Ѓиноска

Каде сум?
Беспрекорно го селектирам
секој дел од моето опкружување
Барам потпора,
Барам надеж,
Барам трошка љубов…
Во сечии очи кои ме гледаат и ме скенираат
Ми одземаат парче до парче од моето битие
Додека емоциите ме удираат
како кула кога ќе тресне во кегли.
Та ќе се разбегаат сите мисли на секоја страна
што побрзо оставајќи ме збунета
и без конкретен договор.
Во себе го слушам неговото име
воедно како молитва и клетва.
Во себе молчам седам исправена
Во себе сум клекната и веќе се молам
на сите виши сили за закрила и одговор.
Длабоко вкоренетиот ѕвер конечно го чека
своето зелено светло за да настапи.
Молчам и го затушувам,
Велам не е време,
Не, те молам.
Сè ќе уништиш.
Ти навистина сè ќе уништиш.
Дур во клетките ја гледам својата сопствена крв
и знам дека единствен спас е мојот внатрешен ѕвер.
Сакаш да зборуваме за доверба?
Научив да ја сокривам твојата лага.
Која произлегла од твоето празно задоволство.
Но полека сè се враќа како бура од емоции
директно во моите гради
Па ми зема здив
Ми зема мир.
Губејќи се во своите емоции
го наоѓам својот мир и својата сила.
Се одавам себеси како на прсти
кон својот трон и знам.
Никој нема да ме симне
Дури ни мојот ѕвер
Зошто јас сама ја запознав темнината
и сама ја победив
Како мала срна наивна и уплашена.
Волкот се криел во кожата
А ѕверот бил само ас во ракав до измамата
По која никогаш не посегнав.

Напишете коментар