Skip to content

Танго на надежта – Ана Ѓоршоска

Да се губи надеж е исто како
да се изгуби љубов од душата.

Ако се губи надеж,
Исто е како да се дели телото од срцето.

Да се губи надеж е исто како
да си ја изгубил розата во сите трња.

Да се губи надеж,
Е исто како да дел од твојата душа замине кај друг.

Да се губи надеж е исто како да од пеперутката
се исечат крилјата и заиграат танго со болката.

Да се губи надеж, е исто како во љубовта да љуби
само едниот човек.

Да се губи надеж.
Е исто како да си му ветил нешто некому
а тоа сепак биле празни зборови.

Да влеваш надеж и тогаш кога бесконечниот немир
шета врз пукнатините на скршените крилја
кои ги носиме врз нашите плеќи.
Тогаш ќе те наречам надеж,
а знам дека си копнеж за мене.

Ќе те наречам љубов бидејќи би те љубел
онаму каде што некогаш имав срце, со сите недостатоци.

Но да се губи надеж е исто како сонцето да го одделиш од небото,
и кога од небото се изгуби се и се појават сончевите зраци,
во душата ќе цветаат ружи!
Црвените ружи на љубовта и надежта

Напишете коментар